Анкетите во Србија покажуваат победа на Вучиќ во првиот круг

Tретина од граѓаните на Србија немаат намера да излезат на претседателските и парламентарните избори на 3 април, според последните анкети, кои предвидуваат победа на актуелниот претседател Александар Вучиќ во првиот круг, а за владејачката коалиција предводена од напредните (СНС) повеќе од половина во парламентот.

Анкетите спроведени на крајот на изборната кампања покажуваат дека Вучиќ, доколку излезат повеќе од половина од вкупно 6,5 милиони регистрирани гласачи, би освоил втор последователен претседателски мандат во првиот круг со околу 60 отсто од гласовите.

Пензионираниот генерал Здравко Понош, кој беше номиниран од коалицијата на партиите од десниот центар, граѓанските движења и синдикатите Обединети за победа на Србија, е најдобро пласиран на анкетите меѓу седуммината противници на Вучиќ, па за него би гласале околу 19 отсто од избирачите, што е процент и на определените за парламентарната листа на таа водечка опозициска коалиција.

Српската напредна партија на Вучиќ и партиите кои ја поддржуваат или досега биле во коалиција со неа, може да сметаат на парламентарно мнозинство со нешто повеќе од 62 отсто од гласовите. Изборниот праг сигурно ќе го надминат Обединети за победа на Србија, коалицијата на партиски групи и движења на зелено-левичарската коалиција „Мораме“ и можеби уште три до четири главно десничарски политички групи.

На прагот на изборниот праг е коалицијата „Ајде луѓе“ на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ и радикалите (СРС) на Воислав Шешељ, кои ја поддржуваат кандидатурата на Вучиќ на овие избори и се обидуваат да се вратат во парламентот.

На два дена пред почетокот на изборниот молк и владејачката и опозициската коалиција се обидуваат да ги анимираат неопределените гласачи, кои според истражувањата се движат од 30 до дури 38 отсто.

Но, изборните анкети укажуваат и на сомнежи за регуларноста на изборниот процес. Според едно истражување, речиси 42 отсто веруваат дека изборите нема да бидат фер, а повеќе од 40 отсто се убедени дека ќе бидат фер.

Во 2021 година, опозицијата се обиде да ги подобри изборните услови во две насоки – преку директни преговори со владејачката партија и со посредство на претставници на Европскиот парламент.

Постигнатите компромиси само делумно ја задоволија хетерогената опозиција, која како еден од клучните проблеми, го гледа влијанието на владејачката партија врз медиумите, кои доминантно му се наклонети на Вучиќ, владата и Српската напредна партија, но и влијанието на власта врз Републичката изборна комисија.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...