Арестович се заканува со удар на Москва во случај на напад на Киев: „Украина ќе возврати“

Премиерката на Литванија, Ингрида Шимоните, ја коментира последната закана од Дмитриј Медведев, кој рече дека веќе не може да се зборува за Балтикот без нуклеарно оружје во случај Шведска и Финска навистина да влезат во НАТО, што е сè поверојатно.

„Тоа што Русија се заканува не е ништо ново. Калининград (руска енклава на Балтикот) е екстремно милитаризирана зона и така е со години и се наоѓа во Балтичкиот Регион“,  изјави Симоните.

Премиерката на Литванија вели дека силно го поддржува влезот на Шведска и Финска во НАТО.

„Верувам дека влезот на овие земји во Северноатлантскиот сојуз значително би го зајакнал НАТО, но и нивото на безбедност во тие земји. Мислам дека балтичките земји ќе ја поздрават оваа одлука штом ќе биде објавена“, рече таа.

За новата руска закана зборуваше и литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас, кој рече дека е бесмислена. Тој рече дека руското нуклеарно оружје постоело во Калининград и пред руската инвазија на Украина.

„Новата руска закана звучи прилично чудно со оглед на тоа што знаеме дека Русите имаа нуклеарно оружје на 100 километри од границата со Литванија и пред украинската криза. Русите одамна имаат нуклеарно оружје во Калининград. Меѓународната заедница и сите земји во регионот се совршено свесни за тоа. Русите го користат како закана“, изјави Анушаускас.

Руската енклава Калининград на брегот на Балтичкото Море се наоѓа меѓу Литванија и Полска, две членки на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...