PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Аријанит Хоџа: Целосно се оградувам од политичкото дејствување во таканаречениот „опозициски блок“

Jul 24, 2023

Заменик претседателот на Движењето “БЕСА” – Аријанит Хоџа се оградува од таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, информира Индекс.мк.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Почитувани активисти, поддржувачи, симпатизери и сите вие кои во овие години бевте сопатници на нашето политичко патување. Дозволете ми преку оваа објава да Ве информирам дека од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ оценувајќи дека главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои недалеку од денес, беа токму актери за одржување на актуелната власт на Албанците и ја спречија ротацијата во таборот на Албанците. За деталите околу политичките убедувања и луѓето кои делат исто политичко мислење со мене, ќе Ве информираме преку јавен настап во текот на оваа недела“, пишува Хоџа.

 

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ