[ad_1]
Арсенал го доби дербито со Ливерпул (3:2) и ја продлабочи кризата на „црвените“.
Габриел Мартинели во првата минута донесе водство за домаќинот, а израмни Дарвин Нуњез во 34-та минута. Во последните моменти од првиот дел, Бакајо Сака повторно го доведе Арсенал во предност.
На стартот од второто полувреме, во 53 минута, резервистот Роберто Фирмињо го израмни резултатот, но победата и трите бода за Арсенал ги обезбеди Сака во 76-та минута.
Арсенал е прв на табелата со 24 бода, еден повеќе од Манчестер Сити, додека Ливерпул остана на делба на десеттата позиција со 10 освоени бода.