Денес е 28. ден од руската инвазија на Украина
Клучни настани
Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил
Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови
Над 120 деца загинале во Украина
Договорено е примирје во Луганск
Од минута во минута
10:00 Антонов: Пентагон заборави дека американските авиони ја бомбардираа Југославија
Пентагон веќе заборави како не толку одамна американските и авионите на нивните сојузници ги бомбардираа градовите Југославија, Ирак и Либија
9:50 Лидерите на НАТО утре ќе разговараат за војната меѓу Русија и Украина
Лидерите на 30-те земји членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе се сретнат утре во Брисел за да разговараат за ситуацијата по рускиот напад врз Украина и долгорочната позиција на НАТО во Источна Европа, јавува Анадолија.
9:35 Велика Британија објави нови податоци: Руските сили минуваат низ период на реорганизација
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 23 март 2022 година.
9:30 Украинско МНР: Херсон се соочува со хуманитарна катастрофа
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Олег Николенко изјави дека градот Херсон се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува Анадолија.
9:20 Шолц: Санкциите треба да влијаат на агресорот, но ние мора да се грижиме за нашата економија
Германија во вторникот го повтори своето противење на енергетските санкции против Русија, предупредувајќи дека тоа може да има негативни последици за европските економии, јавува Анадолија
9:10 Кирби: Имаме информации дека руските сили се во прилично неорганизирана состојба
Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека САД имаат информации дека руските сили се во прилично неорганизирана состојба и дека многу воени лидери на теренот не разговараат меѓу себе.
9:00 Договорено е примирје во Луганск
Прекин на огнот е договорен во областа Луганск под контрола на Русија, изјави локалниот гувернер
8:45 Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 100.000 луѓе останале во јужниот пристанишен град Мариупол, кој е под интензивно руско гранатирање
‘Hellscape’ in Mariupol.
Almost 100,000 people are trapped among the ruins of the Ukrainian city of Mariupol, facing starvation, thirst and relentless Russian bombardment, President Volodymyr Zelensky sayshttps://t.co/6CyaTkVwtE pic.twitter.com/8CLW0KcxUr
— AFP News Agency (@AFP) March 23, 2022
8:40 Над 120 деца загинале во Украина
Во војната во Украина досега загинале 121 дете, соопшти вчера во порака на Телеграм Канцеларијата на јавниот обвинител, додавајќи дека бројот на ранети деца е 167.
8:35 Заробената новинарка е ослободена, вели дека Русите ѝ го спасиле животот
Украинската новинарка Викторија Рошчина, која беше заробена од Русите, е ослободена од заробеништво откако снимила видео во кое вели дека Русите и го спасиле животот
8:30 Америка ги осудува изјавите на Русија за нуклеарно оружје
Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина
Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се заблагодари на првата дама на Франција, Брижит Макрон, и на сопругите на другите лидери кои помогнаа да се зачуваат болните деца.
8:10 Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил
Руските трупи кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил ограбија и уништија лабораторија на локацијата, која третираше многу радиоактивен отпад, соопштија украинските власти
8:00 Бајден денеска пристигнува во Европа, а в петок оди во Полска
Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во Европа, а неговата прва станица е Брисел