PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Аселборн: Се надевам дека Марин Ле Пен нема да биде избрана за претседател на Франција

Apr 11, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Руската офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да собира сили во источниот регион на Украина.

„Од моја гледна точка, големата офанзива (во источна Украина) веќе започна“, изјави на јавната телевизија Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„ Мораме да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме „војната започна“. Големата офанзива де факто веќе започна“, додаде тој.

Украинските и западните официјални лица велат дека значајни маневри на руските сили кон Донбас се забележани во последните денови, откако Русија не успеа да го преземе Киев.

„ Русите акумулираат сили и опрема во Доњецк и Луганск. Сè уште нема големи битки за кои толку многу се зборуваше последните денови, но генерално кажано, можеме да кажеме дека офанзивата веќе започна“, рече Денисенко.

Советникот на украинскиот министер изјави дека синоќа одекнале експлозии во областа Дњепропетровск и додаде дека продолжува гранатирањето на Харков, вториот по големина украински град.

Шефот на воената администрација во Луганск, Сергеј Гајдаи, изјави дека украинските власти организираат „забрзана евакуација“ од Донбас, додавајќи дека на 11 април се закажани уште возови за евакуација од Луганск и Доњецк.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ