Асен Василев го доби мандатот да формира нова бугарска влада

Почна новата фаза од разврската на политичката криза во Бугарија. Претседателот Румен Радев денеска попладнево му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиер во оставка, да ја формира новата бугарска влада. Василев беше одреден за мандатар од неговата партија Продолжуваме со промената, а не лидерот Кирил Петков. Предавањето на мандатот, според видео инсертите, беше со смрзнати лица на учесниците.

„Бугарија е во политичка, економска и социјална криза. Бугарите споделуваат легитимна загриженост за растот на цените и неизвесноста околу иднината. Од вчера имаме и надворешнополитичка криза“, рече радев при давањето на мандатот.

На ова Асен василев одговори: „За мене ова е огромна одговорност. Сите сме свесни дека во кризите со кои треба да се соочи Бугарија, исклучително е важно да се има влада. Исто така, важно е тој да работи во интерес на граѓаните, а не во интересот на статус-квото, и таа навистина да ги брани бугарските интереси и независноста на бугарската држава на ист начин како што тоа го правеше првиот кабинет на Продолжуваме со промената“.

Партијата ќе има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку не биде одобрен, мандатот ќе оди кај ГЕРБ, кои веќе најавија дека ќе го вратат. После тоа, шефот на државата ќе треба да избере трета формација на која ќе ѝ даде шанса за формирање влада. Но, како што сега стојат работите, најверојатниот исход од оваа процедура ќе биде распишување на нови избори, четврти во година и пол.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...