„Атомско“ прво полуфинале на ЛШ! Манчестер сити-Реал 4:3!


Манчестер сити и Реал Марид одиграа натпревар за сеќавање во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони, по кое тимот на Пеп Гвардиола ќе патува само со гол предност на „Бернабеу“ по трилер 4:3 победата.

Почетокот не ветуваше многу за гостите од Шпанија – Кевин де Брујне го постигна најбрзиот гол во едно полуфинале во ЛШ по само 97 секунди игра по фантастичната асистенција на Ријад Марез, за веќе во 11. минута да му асистира на Габриел Жесус, кој ја искористи лошата реакција на Давид Алаба за 2:0!

Меѓутоа, како што оваа сезона веќе дознаа Пари Сен-Жермен и Челси, никогаш не треба да се отпише Реал кога Карим Бензема е во составот и тој во 33. минута постигна фантастичен гол со глава за намалување на резултатот на 2:1.

Гол-шоуто и отворениот фудбал продолжија и во второто полувреме. Фил Фоден во 53. минута зголеми на 3:1, за само две минути подоцна, Винисус Жуниор со одличен продор да ја намали предноста на 3:2. Бернардо Силва во 74. минута постигна апсолутно фантастичен гол за враќање на предноста од два гола, за во 82. минута од мечот, Бензема повторно да стрела, овојпат од белата точка за 4:3. Ова беше 14. гол на Бензема во Лигата на шампиони оваа сезона, откако претходно немаше дадено повеќе од 7 гола во една сезона.

Совршена најава за реваншот во Мадрид за една недела. Утре во второто полуфинале имаме нов шпанско-англиски дуел помеѓу Ливерпул и Вилјареал.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ТОП ВЕСТИ

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...