PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

АТС ГРOУП ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ИЗГРАДБА НА НОВА ФАБРИКА ЗА МАЛОКАЛИБАСКА МУНИЦИJА ВО ТЕКСАС, САД

Jul 23, 2024

АТС ГРOУП од оваа година ги започна сите подготовки за својот нов производствен капацитет со вкупна вредност од 100 милиони долари, наменети за изградба на нова фабрика за малокалибарска муниција со седиште во Тексас, САД. Определена е локацијата во државата Тексас каде фабриката ќе започне со работа до крај на 2025 година. Фабриката со површина од 50.000 м2 производствени капацитети ќе произведува годишно 200 милиони парчиња малокалибраска муниција наменети претежно за американскиот пазар. Сите производи се во согласност со НАТО стандардите и ќе бидат продавани под светски познатиот бренд на АТС АММО. Маневарски куршуми, куршуми со челично јадро и делови за муниција од сопствено производство со 4.0 IoT технологија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

АТС ГРOУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од четири компании, од кои три во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, и за кои имаат добиено бројни награди и признанија. АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија. Сите производи што ги произведува компанијата се во согласнот со НАТО стандардите.

Компанијата во областите во кои делува и се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција балистичка заштита и однеодамна и технички текстил АТС АРАМИД УД 230 неопходен за изработка на поголем дел од балистичките производи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ