PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Јавноста ќе дознае уште тајни за кралското семејство? Меган Маркл и принцот Хари направија нов потег

Jun 30, 2022

Како што многумина ги нарекуваат „побегнатата кралска двојка“, принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл уште еднаш ја разбрануваа јавноста со нов потег.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Иако се обиделе да ги сокријат своите намери, папараците ги фотографирале како доаѓаат во вилата во Монтесито, која е во сопственост на легендарната новинарка Опра Винфри.

На фотографиите кои прв ги објави Дејли Мејл се гледа како принцот Хари вози автомобил, а Меган седи на задното седиште, а се шпекулира дека со нив била и актерката Џанина Гаванчар и дека со нив било и едно од нивните деца.

На ексклузивните фотографии кои ги објави Дејли Мејл, Хари вози автомобил, Меган седи на задното седиште, а со нив беше и едно од нивните деца, како и жената за која се верува дека е актерката Џанина Гаванкар. Се претпоставува дека парот се задржал повеќе од еден час на имотот на Опра, кој е на само неколку минути возење од нивниот американски дом.

Според медиумите, кај Винфри останале околу еден час, а нејзината вила е на само неколку минути од нивниот американски дом.

 

Се шпекулира дека е можно да направиле уште едно интервју и тоа само неколку дена подоцна откако двојката ја посетила Велика Британија по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, кога за првпат ја запознала правнуката Лилибет.

Да потсетиме, Хари и Меган дадоа ексклузивно интервју за Опра пред 18 месеци, во кое зборуваа за причините за напуштањето на кралските должности и преселбата во САД, а упатија и сериозни обвинувања кон членовите на британското кралско семејство.

Интервјуто во живо го следеа повеќе од 49,1 милиони луѓе, а предизвика бурни реакции во јавноста.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ