Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација

Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер првпат најави можност за отстапување од оваа мерка.

Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вакцинација.

„Доколку експертите на комисијата што треба да ја именува Владата, одлучат да ја стават вон сила задолжителната вакцинација, тоа ќе го слушнеме“, рече тој.

Нехамер рече дека законот постојано се анализира, а тоа го бараат гувернерите на провинциите.

„Се додека експертите велат дека вакцината е клучна алатка, задолжителната вакцинација останува на сила. Меѓутоа, доколку и предложат на владата да го укине законот, тоа ќе биде направено“, објасни тој.

Сè уште не е формирана комисијата на експерти што ја споменува Нехамер.

Тој подвлече дека задолжителната вакцинација е совршена алатка, како и дека Законот е добро подготвен и може флексибилно да реагира на секоја ситуација.

„Затоа решивме да формираме експертска комисија како советодавно тело, со цел постојано да се анализира усогласеноста со Уставот и дали мерката е сè уште неопходна, особено дали вакцинацијата е вистинската алатка во борбата против вирусот, рече тој.

Во Долна Австрија, експертите предупредуваат на „бран во бран“.

Австриската министерка за економија Маргарете Шрамбек повика на укинување на бесплатните тестови за коронавирус.

Шрамбек е првиот член на австриската влада што се изјасни против бесплатното тестирање, кое досега беше инструмент за контрола на епидемиолошката ситуација.

Бесплатните тестови од почетокот на пандемијата скапо ја чинеа австриската држава, особено ако се има предвид дека невакцинираните мора да имаат негативен тест за да одат на работа или да користат одредени услуги, а вакцинираните не мора.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...