PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Австриски авион влетал во забранет воздушен простор на унгарската нуклеарна централа „Пакс“

Apr 9, 2022

[ad_1]

Фото: Твитер
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Австрискиот авион влетал во забранетиот воздушен простор на унгарската нуклеарна централа „Пакс“, па алармирани биле унгарските воздухопловни сили.

Директорот за комуникации на централата, Антал Ковач, изјавил дека австрискиот авион синоќа го пробил воздушниот простор на нуклеарната централа и дека борбените авиони на унгарските одбранбени сили го придружувале до Сегедин.

Унгарските авиони полетале кога малиот австриски авион не воспоставил радио врска со цивилната контрола на летање, јавуваат унгарските медиуми.

Унгарски борбени авиони го идентификувале австрискиот авион, воспоставиле радио врска со пилотот и го испратиле до Сегедин. Воздушниот простор на три километри од нуклеарната централа „Пакс“ е забранет за секој авион.

– Унгарските борбени авиони „Грипен“ вчера попладне беа „нападнати“ од Центарот за комбинирани воздушни операции на НАТО поради заканата за бомба на српскиот патнички авион што летал од Санкт Петербург за Белград – соопшти унгарското Министерство за одбрана за унгарските медиуми.

Министерството соопшти дека нивни авиони го придружувале авионот А319 од унгарскиот воздушен простор.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ