PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Бајден: Додека сум јас претседател, САД нема да го забрани абортусот

Jul 8, 2022

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека се додека е тој на чело на САД, абортусот нема да биде забранет. Потпиша и извршна уредба за заштита на пристапот во врска со абортусот и контрацепцијата, пренесуваат агенциите.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Најбрзиот пат со кој жените ќе си го остварат своето уставно право на абортус ќе биде со закон изгласан во Конгресот. Не можеме да дозволиме Врховниот суд неконтролирано да ја ограничува слободата“ рече Бајден при потпишувањето на уредбата.

Сепак, моќта на американскиот претседател е ограничена затоа што сојузните држави можат да донесат закони со кои би се лимитирале правото на абортус и пристапот кон контрацепција, па затоа претседателската уредба има само ораничено влијание.

Бајден ќе нареди Министерството за здравство да ја заштити и прошири достапноста на „лековите за абортус“, наведуваат од Белата куќа.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ