Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска Белата куќа.

Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот. Спасувачката операција и потрагата по жртви во државите на американскиот југ продолжи денеска.

Во Мисисипи, 25 лица загинаа во торнадо ноќта меѓу петокот и саботата, а еден маж загина во Алабама, додека повеќе од десетина луѓе во двете држави се повредени, а стотици се во привремени станови.Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба.

Торнадото достигна брзина од 320 километри на час, а според првите податоци помина 274 километри.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...