Бајден: Испративме 5.500 противтенковски ракети „Џавелин“ за Украина


Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска за време на посета на фабрика на „Локид Мартин“ (Lockheed Martin) за производства на противтенковски ракети „Џавелин“ (Javelin) се обрати по повод безбедносната помош за Украина и ги пофали работниците за критичката улога во борбата и за нивната пожртвуваност и професионалност. Фабриката се наоѓа во Троја, Алабама, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  

За време на воениот конфликт „Џавелин“ системите се ефективно и масовно користени од украинската армија за одбрана од руските напади. 

– Вие правите гигантска разлика со производството на оружјето со што Украинците се борат за слобода и за тоа ви велам благодарам – изјави Бајден. 

Рече дека САД досега испратиле 5.500 илјади „Џаевелини“ за Украина покрај останатото оружје од сојузниците и порача дека испораката нема да запре.

– Со ова правиме Путин да биде стратешки победен… со ова храбрите луѓе на Украина се борат против неговата брутална војна да доминира со Украина, каде тој извршува воени злосторства – додаде тој.  

Претседателот на САД рече дека „моментално се води битка во светот меѓу автократијата и демократијата“. 

– Ако не се исправиме пред диктаторите тие ќе продолжат да доаѓаат – порача тој. 

– Досега потрошивме три милијарди долари помош за Украина… Побарав од Конгресот дополнителна поддршка од над 30 милијарди долари за Украинците да ја бранат слободата на боиштата, исто како што успееја да ја одбранат во битката за Киев – рече Бајден. 

Како што изјави главниот ракетен инжењер, фабриката досега произвела повеќе од 50 илјади ракети. Во неа работат околу 600 луѓе, околу 200 од нив на произодство на овие системи.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...