Бајден: Војната навлегува во нова критична фаза и затоа испраќаме уште оружје во Украина


Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека испраќа дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина, во време кога војната на Русија преминува во клучна фаза.

Помошта што се праќа е последна транша после онаа со сличен износ на почетокот на месецов. Сите дополнителни пари отсега треба да бидат одобрени од Конгресот.

Говорот на Бајден беше прв посветен на војната, после неколкунеделна пауза во изјавите за Украина, и го даде пред да замине на кампања во тихоокеанскиот северозападен дел на САД.

Во обраќањето тој изјави дека ниту САД ниту партнерите нема да ги намалат обидите Москва и рускиот претседател Владимир Путин да се казнат.

-Путин се обложува на тоа дека нашиот интерес ќе спласне. Ќе му докажеме уште една дека греши… Тој никогаш нема да успее во доминација и окупација на цела Украина-изјави Бајден.

Со испраќањето нова помош тој е убеден дека конфликтот нема да заврши во некој близок рок. Рече и дека отсега се подига рампа за приод на руските бродови на пристаништата во САД.

Администрацијата објави и дека ќе прими десетици илјади украински бегалци врз основа на хуманитарна одлука, што е знак дека Белата куќа планира за идните последици од војната на Русија.

Новите испораки вклучуваат тешка артилерија хаубици и 144.000 патрони за неа, но и разновидно друго софистицирано оружје како малите дронови „Свичблејд“ познати и како „камикази дронови-убијци“, но и советските хеликоптери Ми-17, што САД ги пренасочија од Авганистан во Украина.

Бајден оцени војната навлегува во нова, покрвава фаза и дека Путин ја „рефокусирал“ кампањата за да заземе повеќе територија во источна Украина со што приливот на западна воена помош е од суштинско значење.

-Се наоѓаме во критичен период, кога тие поставуваат сцена за следната фаза од оваа војна. САД и нашите партнери се движат колку што може побрзо да продолжат со снабдувањето на Украина… на оружјето што им треба, опремата што им треба, за нивните сили да ја бранат својата земја-додаде тој.

Новиот пакет помош, најавен минатата недела, доаѓа по сличниот пакет од 800 милијарди долари испратен на почетокот на месецов. Со ова, вкупната воена помош на САД испратена за Украина од почетокот на војнта на 24 февруари досега изнесува околу 3.4 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...