Полина Тасева својата кариера ја започнува уште од најмала возраст, најпрво во нижото музичко училиште, а потоа во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“- Скопје на отсек соло пеење каде што дипломира и магистрира соло пеење.
Препознатлива е по феноменалниот изглед кој го надополнува во нејзините одлични музички спотови, потоа фестивалските настапи, а во поново време е дел од екипа на професионалци, танчери, глумци, пејачи кои ја воодушевуваат публиката со својот преформанс во кабарето „Gold Felicia “ во Битола.
” Балетот ми е една од големите желби што сакав да се занимавам понатака во животот бидејки од најмала возраст со моите родители посетував и опера и балет и едноставно кога детето ќе биде насочено уште од најмала возраст со таква уметност се раѓа се поголема желба за тоа. Посетував шест години класичен балет, во меѓу време се запишав во нижото музичко училиште. Продолжив да се занимавам со музиката, а балетот остана засекогаш во мене.
На мое огромно задоволство четири години одев хонорарно во Македонската опера и балет во хорот каде како асамбал настапувавме на големата сцена, а како мое лично искуство беше во операта ” Рита” каде заедно со моите колеги одигравме четири претстави во 2016 година пред моето дипломирање. Се надевам во иднина ќе завземам и поголемо место во операта. За поп музиката немам некое претходно школување, а операта тоа е поразлична постапка која воопшто не е слична со поп изведбата.“
View this post on Instagram
Полина Тасева е позната по фестивалските настапи на ” Макфест” во 2020 и 2021 година . Во 2020 година настапи со песната „ Се се врти во круг“, со која ги освои симпатиите на штипската публика, но и публиката пред малите екрани и ја освои наградата за најдобар „Дебитант“ за 2020 година.
Песната „Игра“ е нејзина прва авторска песна, во која заедно со Иван Петровски ја имаат напишано музиката и текстот. Како продуцент е потпишан Роберт Билбилов.
„Настапувам во кабаре кое за прв пат се отвори во Македонија во градот Битола во кое ја започнав втората година таму со нов програм и со уште подобро шоу. Во целата екипа сме околу триесетина луѓе со актери, танчери, пеачи и техника. Целото шоу трае од 3 до 4 часа, музиката е претежно џез музика, кабаретска, тоа е едниот дел од вечерта, потоа преминуваме кон поп, рок, шпанска, арапска музика и сл, различни стилови и на крај завршуваме со македонската музика.
View this post on Instagram
Работиме на материјалот со тоа што правиме проби еднаш до два пати неделно, по потреба правиме и повеќе проби, го менуваме репертоарот, се во интерес на публиката.
View this post on Instagram
Имаме кореографија на сцена се со цел да изгледа кабаретски онака како што треба. Луѓето од креативниот тим заедно со креаторот Андреј Папаз и Димитар Андоновски одлучуваат како треба да изгледаме на сцената во зависност од тоа каков материјал спремаме.
View this post on Instagram
По настапот и завршување на еуфоријата одмараме. За еден пејач според мене потребно е добар сон, одмор и витамини секако. Во слободно време возам велосипед за извршување на секојдневните обврски, порано посетував теретана и одев на кеј, но кога сум дома обично слушам музика и цртам, тоа е уште едно мое големо хоби, исто така сакам и да монтирам видеа“, изјави Полина Тасева за емисијата „Едноставно заводливо“ на МТВ1.