[ad_1]
Барселона е во трката со времето за да успее да ги регистрира новите засилувања до утре, кога го игра првиот натпревар од новата сезона.
Челниците на клубот направија важен чекор и денес продадоа 24% од акциите на „Барса Студиос“ за околу 100 милиони евра на Орфеус Медиа.
Сумата што ја добија треба да им овозможи да пријават дел од играчите за првиот натпревар од Примера кој утре го играат против Рајо Ваљекано.
Барселона моментално има само 17 пријавени играчи, а приоритет е што поскоро да се потврди соработката со Андраес Кристенсен и Франк Кеси, кои можат да го напуштат клубот како слободни играчи доколку не бидат пријавени пред првиот официјален натпревар на сезона.
Исто така ќе се обидат да го пријават и Роберт Левандовски, кој е главна ѕвезда на преодниот рок. Не е познато дали ќе има можност да биде регистриран Рафиња, како и играчите со нови договори како Дембеле.
📝 𝐃𝐄𝐀𝐋 𝐃𝐎𝐍𝐄: Barcelona have activated the fourth economic lever by selling another 24.5% of Barça studios to Orpheus Media for €100m.
(Source: @FCBarcelona) pic.twitter.com/WhwRjbgUx1
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2022