PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Бектеши: До крајот на грејната сезона имаме обезбедено енергенси

Oct 19, 2022

Крешник Бектеши министер за економија во емисијата 24 Отворено рече дека индустријата има долгорочни договори, особено со Макпетрол, единствениот снабдувач со гас во државата и сега се обезбедени сите енергенси и грејната сезона е започната.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„До крајот на грејната сезона имаме обезбедено енергенси. Утре ќе ги доставиме нашите барања во делот на поддршката што треба да ја добиеме од Европската комисија и тие барања се за директна помош за индустријата за тие што се на слободниот пазар и директна помош со коофинансирање на ЕК заедно со буџетот на државата за поддршка на малите потрошувачи. Ќе ја прошириме листата на ранливите категории. Ќе бараме коофинансирање на проектите и субвенциите за сите домаќинства и мали компании. Сето ова утре ќе биде испратено до ЕК. Очекувам таа да даде поголема поддршка за нас зошто сме направиле големи отстапки“ – вели Бектеши.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ