PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Бектеши: Доколку со новите мерки не се намали цената на производите, Владата ќе спроведе други механизми

Oct 30, 2022

Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.

– Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ