Бектеши: Дополнителни мерки по усвојување на ребалансот на Буџетот

Во моментот кога ќе се усвои ребалансот на Буџетот, кога ќе имаме можност да креираме мерки и да ги редизјанираме постоечките, ќе ги викнеме сите стопански комори, сите засегнати страни и синдикатите и ќе излеземе со дополнителни мерки, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши информира дека секојдневно добива писма од различни здруженија и од стопанските комори, напоменувајќи дека Министерството е подготвено за состаноци и за разговор во детали.

– Во однос на антикризните мерки, чекаме да биде усвоен ребалансот на Буџетот. Институциите се подготвени да се соочат со кризата. Секој ден добивам писма од стопанските комори и од различни здруженија. Сите што се заинтересирани да дадат придонес, тоа може да го направат јавно, а секако дека ние сме секогаш подготвени  за состаноци и за разговари во детали – изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово.

Вчера, дополни, имаше и изјава од страна на претседател на опозициска партија.

-Тој кажа дека сакале да се вклучат и да придонесат во делот на справување со кризата со што индиректно признава дека намерно претходните мерки биле блокирани. Тие имаа можност да бидат вклучени и тогаш, а сега за политички интерес даваат таков предлог. Не, институциите се подготвени да се соочуваат со секаква криза, за храна, за струја или за топлинска енергија, нагласи Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...