Белград утринава повторно го зазеде неславното прво место на листата на најзагадени градови во светот, покажуваат податоците на апликацијата „IQ Air“.
Како што стои на гореспоменатата апликација, квалитетот на воздухот во српскиот главен град утринава бил „обоен“ во црвено, што укажува дека е алармантно лош, додека индексот на загаденост е 172, пишуваат српските медиуми.
Нешто „подобра“ е ситуацијата во главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои по овој редослед го заземаа второто, третото и четвртото место на таа листа.
Во првата петорка, поточно како петта на горната листа, се најде и Кина, односно нејзиниот главен град Пекинг, каде воздухот и утринава е „обоен“ во црвено.