PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Белоруски војници влегоа во Украина, иако кажаа дека нема да се мешаат

Mar 1, 2022

Белоруски војници влегоа во Украина. Вчера, Александар Лукашенко, белорускиот претседател, кажа дека нема да ја нападне Украина. Но, тој не го исполни ветувањето.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Според парламентот на Украина, белоруските трупи влегле во Черниговската област на Украина за да и помогнат на Русија во нејзината војна против Украина.

Првaта рунда преговори меѓу Украина и Русија, чија цел беше да се стави крај на руската инвазија врз нејзиниот сосед заврши без конкретен договор. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин рече дека разговорите со украинските власти траеле речиси пет часа.

Медински ја предводеше руската делегација во Белорусија. Тој рече дека двете страни „нашле одредени точки за кои може да се предвидат заеднички позиции“. Тој додаде дека е договорена уште една рунда разговори.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ