Бесими: Обемна и навремена владина реакција на ценовните притисоци со мерки во вкупна вредност од 615 милиони евра

Најновиот пакет антикризни мерки во износ од 400 милиони евра е дел од вкупната сума од околу 615 милиони евра вредни мерки, што досега Владата ги донесе и имплементира, со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата колумна посочува дека Владата уште од минатата година ги следи ценовните притисоци и носи мерки со кои се делува на одржување на цените на пониско ниво од пазарното.

Бесими посочува дека во сумата од 615 милиони евра влегуваат и фискалниот ефект од намалениот ДДВ за струја од јули минатата година, како и субвенциите за струјата и топлинската енергија, со цел задржување на цената на пониско ниво од пазарното.

„Оваа сума е блиску до сумата која Хрватите ја предвидуваат за справување со ценовните притисоци, или околу 635 милиони евра. За споредба, Грција предвидува 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн.“ наведува Бесими.

Понатаму во колумната тој ги анализира мерките што се најавени или се спроведуваат во земјите во регионот и во европските земји. Тие се однесуваат на трансфери за ранливи категории население, намалување на даноците за енергенсите и регулирање на малопродажните цени.

„Мерките во Словенија се насочени кон таргетирани финансиски трансфери. Тие, исто така, предвидуваат поддршка за пензионерите, корисниците на социјална помош, корисниците на инвалидски и детски додаток, за многудетните семејства и за згрижувачките родители. Србија донесе мерки за подобрување на енергетската ефикасност преку финансиска поддршка на домаќинствата, а воведе и мерка за замрзнување на цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, свинското месо и млекото и забрана за извоз на некои основни производи. Црна Гора донесе мерки за намалување на акцизата за горивото и еднократна помош за пензионерите чија пензија е под просечната. Во Грција, Бугарија и Албанија воведени се модели со кои се врши субвенционирање на цените на електричната енергија за домаќинствата и бизнисите“, посочува Бесими.

Исто така, пишува дека при конципирање на најновиот пакет-мерки направени се и анализи врз основа на странските искуства. Тој наведува дека во овој пакет има даночни мерки, финансиска поддршка на ранливите категории, административни ограничувања со кои ќе се влијае врз цените и мерки за штедење енергија. Со спроведување на овие мерки ќе се амортизира порастот на цените на храната и горивата, ќе се поддржат фирмите а воедно ќе се влијае и за поголема енергетска ефикасност.

Инаку, даночните олеснувања од новиот пакет, како што се укинување на ДДВ за храна и повластена стапка од 5% за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годината и 10% за горивата, како и намалување на акцизата за горивата, се веќе донесени и само неколку дена по објавата веќе се ефектуирани.

Бесими во колумната истакнува дека дури и во сценарио на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи, фискалниот простор дозволува дополнителна интервенција за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

„Тоа што е многу важно за сите нас во ова време на криза и високи цени на основните прехранбени производи и на енергенсите е дека сите можеме да дадеме голем придонес со сопствени чекори ако штедиме и порационално ги користиме енергенсите во овој период, со цел разликите во цените помалку да се одразат на сопствениот доход, без оглед дали е на ниво на индивидуа, семејство или претпријатие. Никој не вели дека ќе биде лесно, но тврдам дека од моја страна како министер за финансии, а и од страна на моите колеги од Владата, ќе има борба за да граѓаните што помалку ги почувствуваат притисоците од руско-украинскиот конфликт“, пишува Бесими и додава дека Владата тоа го докажала и со антикризните мерки за време на пандемијата со кои значително беа амортизирани ефектите врз економијата.

„На среден и на долг рок остануваме на добро поставената макроекономска и фискална рамка, во која предвидуваме фискална консолидација и забрзан раст, во насока на развој на нашата економија“, заклучува министерот за финансии Фатмир Бесими.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...