PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Бесими во Брисел на средби со високи претставници на ЕУ

Feb 21, 2022

Министерот за финансии Фатмир Бесими престојува во посета на Брисел каде ќе се сретне со високи претставници на Европската комисија. Во фокусот на разговорите ќе бидат ЕУ перспективите на земјава, очекувањата од француското Претседателство, како и актуелната енергетска криза и инфлацијата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На средбите, министерот Бесими ќе ги презентира мерките што земјава ги презема за справување со влијанието од енергетската криза која е од глобални рамки, како и приоритетите на Министерството за финансии кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите предвидени во Програмата за економски реформи и фискалната консолидација.

-Разговорите на министерот со своите соговорници ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на РС Македонија, очекувањата од француското Претседателство за напредок во процесот на отворање на пристапните преговори, кои во моментов се блокирани од Бугарија и нашата посветеност да продолжи дијалогот за решавање на отворените прашања, како и приоритетите на Министерството за финансии, кои се насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, реформите што се предвидени во Програмата за економски реформи, за што е започнат процесот на консултации со ЕК, како и фискалната консолидација, информираа од Министерството за финансии.

Според агендата, министерот Бесими треба да се сретне со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, комесарот за економија Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ