Ова е период со големи предизвици, а предизвик е и за мене да се најдат решенија во дадените околности да се изнајде најдоброто. Потребно е да се реагира брзо со помош, но фокусот да не се измести од инвестициите и развојот, вели Фатмир Бесими, министер за финансии за Утрински брифинг.
Бесими вели дека во период на криза се менуваат приоритетите и се вложува онаму каде што во моментот е најбитно.
Со меѓународните институции правиме холистички пристап, гледаме каде треба да се помогне. Најголемиот шок во моментов е ценовниот шок од прехранбените производи и енергенсите. За да го санираме ова мораме да гоопфатиме целиот синџир. Прво се замрзнува маржата за да нема екстра профити, а потоа се намалуваат и даноците, објаснува Бесими за Утрински брифинг.
Владата треба да обезбеди цените галопирачки да не се покачат и да има доволни количини храна и енергенси во државата. Бесими вели дека сите сме во криза кога е предизвикана од војна на европскиот континент. Од овој аспект мораме и да заштедиме, но нема да биде доволно само државата да штеди, тоа треба да го прават и фирмите и граѓаните.