PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

БиХ го откажа пријателскиот меч со Русија

Nov 1, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Закажаниот пријателски натпревар меѓу репрезентациите на БиХ и Русија и официјално е откажан, потврдија од Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина.

По големиот притисок, како и најавата дека дел од најдобрите играчи нема да се јават на повикот, Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина на денешниот состанок одлучи да го откаже натпреварот.

„Закажаниот пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Русија, кој требаше да се одигра на 19. ноември во Санкт Петербург, нема да се одигра во тој термин. На денешната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, натпреварот кој беше планиран за 19. ноември е одложен,а претседателот Вицо Жељковиќ констатира дека одигрувањето на овој пријателски натпревар ќе биде пролонгиран за некој нареден период“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на БиХ.

Сите руски спортски репрезентации се исфрлени од сите натпреварувања поради агресијата на таа земја против Украина, па и фудбалската репрезентација е под рестрикциите на асоцијациите на УЕФА и ФИФА.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ