БиХ и дефинитивно забрани изградба на мали хидроцентрали во земјата

Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина и дефинитивно забранија изградба на мали хидроцентрали во земјата, одговарајќи позитивно на барањата на граѓаните со години наназад.

Горниот дом на парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина ги прифати измените на Законот за електрична енергија, со кои не се дозволува изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до десет мегавати.

„Оваа историска одлука е резултат на притисокот и десетгодишната борба на активистите во бројни локални заедници кои решително се спротивставија на изградбата на екоцидни мали хидроцентрали“, изјавија претставници на Фондацијата „Ателје за социјални промени“.

Еколошките активисти предупредија дека малите хидроцентрали произведуваат само 2,54 отсто од електричната енергија во Федерацијата Босна и Херцеговина, наспроти многукратно поголемата еколошка штета предизвикана со нивната изградба.

Граѓаните на БиХ во изминатите неколку години успеаја да спречат изградба на мини хидроцентрали на неколку помали реки. Кон нивните активности се придружи и оскаровецот Леонардо ди Каприо, испраќајќи писмо до премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, во кое апелира на стопирање на реализацијата на такви енергетски проекти и спасување на реките.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...