Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности.
„Првите позитивни сигнали од компаниите доаѓаат и овде сме заеднички да ја надминеме кризата. Не стравувам дека по замрзнувањето на цените, ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што еден одреден период беше направено“, рече Битиќи.
Додаде дека тоа што постојано повикувале на општествена одговорност на компаниите врoдило со плод.
„Тоа е сосема јасно, но ако се случи спротивното, ние како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќаат највисоката цена, тие ќе бидат згрижени“, беше дециден Битиќи.