PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Блинкен ја откажа договорената средба со Лавров, го обвини Путин дека не сакал дипломатско решение за Украина

Feb 23, 2022

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека ја откажал средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, закажана за в четврток.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Блинкен на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб во Вашингтон изјави дека се согласил да се сретне со Лавров минатата недела за да разговараат за безбедносните прашања во Европа, но само доколку Русија не ја нападне Украина.

„Сега кога гледаме како започнува инвазијата и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, таа средба нема смисла“, рече Блинкен.

Тој додаде дека за ова прашање се консултирал со сојузниците и дека сите се согласни.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ