Блинкен: САД немаат стратегија за промена на режимот во Москва

Во тек е 32-от ден од војната во Украина.

Клучни моменти:

Путин до руските војници: Борбата вклучува зголемен ризик

Зеленски праша кој го води НАТО? Дали е тоа Москва? Бидејќи постоел страв кај американско-европската алијанса

Украина тврди дека Америка нема ништо против Полска да ѝ испрати борбени авиони

Кремљ веднаш му одговори на Бајден дека тој нема да одлучува за останувањето на Путин на власт

Бајден одржа говор во Варшава, велејќи дека војната нема да заврши во наредните денови и месеци

Белата куќа: Бајден не повика на промена на режимот во Русија

Русите го ракетираат Лавов, град на крајниот запад на Украина. Беше погоден магацинот за гориво

Бајден вчера беше во Полска, каде се сретна со украинските министри

Од минута во минута:

11:05 Блинкен: САД немаат стратегија за промена на режимот во Москва

„ Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг“, рече Блинкен.

10:35 Украина: Руските војници во Белорусија менуваат гориво за алкохол

Украинското Министерство за одбрана утрово објави информација за корупција меѓу руските војници стационирани во соседна Белорусија.

10:29 Конашенков: Погодивме воени цели во Лавов со крстосувачки ракети

Русите рекоа дека „погодиле воени цели во Лавов со прецизни крстосувачки ракети“. Министерството наведува дека бил погоден магацинот за гориво кај Лавов, кој го користела украинската армија. Покрај тоа, тие тврдат дека удриле во фабрика во Лавов каде што Украинците ги поправале своите системи за противвоздушна одбрана, радари и нишани на тенкови.

10:26 Американски дипломат: Бајден ја направи опасната ситуација уште поопасна

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​предизвика остри критики од страна на ветеранот на американската дипломатија, Ричард Хас.

„ Изјавата на Бајден „ја направи тешката ситуација уште потешка, а опасната уште поопасна“, напиша Хас на Твитер. Хас е претседател на Советот за надворешни односи на САД.

10:21 Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво

Русија почна да ги уништува украинските складишта за гориво и храна, што значи дека владата ќе мора да ги зголеми резервите во блиска иднина, изјави денеска советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

10:18 Кулеба: САД не се против Полска да ни испрати борбени авиони

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој вчера се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Полска, изјави дека САД немаат ништо против Полска да испрати борбени авиони во Украина.

САД претходно ја отфрлија ваквата иницијатива на Полска. Пентагон соопшти дека префрлањето борбени авиони од Полска во Киев е премногу ризичен потег.

10:11 Путин до руските војници: Покажувате големо херојство – другари, борбата вклучува зголемен ризик

По повод Денот на националната гарда, рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина и им порача дека борбата вклучува зголемен ризик.

„ Честитки за Денот на руската национална гарда. Националната гарда, која беше основана пред шест години, стана незаменлив и сигурен дел од државниот систем кој обезбедува владеење на правото и спроведување на законот, како и заштита на правата и интересите на нашите граѓани“, рече Путин.

09:52 Зеленски: Дали Москва го води НАТО?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа одржа говор во кој го повика Западот да и достави уште тенкови и авиони на Украина и праша дали американско-европската алијанса се плаши од Москва.

„ Кој ја води евроатлантската заедница? Дали е сè уште Москва поради заплашување? – рече тој.

09:35 Дуда не го разбира ставот на Орбан: Скапо ќе ги чини политиката кон Русија

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека политиката на Унгарија кон Русија „скапо ќе ја чини“ Будимпешта.

Тој посочи дека не го разбира ставот на премиерот Виктор Орбан во однос на актуелната ситуација во Украина, пренесе РИА Новости. Полскиот лидер смета дека Орбан се нашол во тешка позиција поради енергетската зависност на Будимпешта од Москва.

09:27 Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина ако јас бев претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден, велејќи дека „во 15-те месеци откако стана претседател, направил толку штета, колку што не направиле колективно, петте најлоши американски претседатели.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...