Блумберг: САД ќе привлекуваат висококвалификувани експерти од Русија


Фото: Принт скрин Твитер

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја истражува можноста за укинување на дел од барањата за виза за руските експерти, со цел да се олесни нивниот влез во САД и на тој начин да се ослабне рускиот високотехнолошки потенцијал, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Администрацијата на Бајден побарала од Конгресот начин да го отстрани условот за докажување на вработување за високообразованите Руси кои бараат работни визи за САД. Со тоа Белата куќа очекува да го лиши руското раководство од „научници, инженери и математичари“.

Блумберг наведува дека се планира укинување на визите магистри и доктори со искуство во полупроводници, вселенска технологија, кибербезбедност, модерно производство, нуклеарна технологија, развој на вештачка интелигенција, ракетна технологија и голем број други области.

Неименуван претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа потврди за Блумберг дека мерките имаат за цел „да ги ослабат високотехнолошките ресурси на Русија на краток рок и да ја поткопаат нејзината долгорочна инвестициска база на долг рок, како и да имаат корист за економијата и да ја зајакнат националната безбедност на САД“.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...