Денеска со менаџерскиот тим на Македонска навигација извршивме обиколка на контролата на летање и се уверив во стручноста и професионалноста на институцијата.
Бев информиран за новите инвестиции после 25 години во М-НАВ од преку 11 милиони евра за безбедно небо, зголемување на капацитетот и поефикасен авиосообраќај.
Со новите системи дополнително ќе ги зголемиме капацитетите и можностите за контрола и ефикасно управување на нашето небо.