Болсонаро одбил да ја осуди руската инвазија на Украина

Според неговите зборови, тој е против било какви санкции кои би имале негативни последици по Бразил и укажал на руското ѓубриво кое е од клучна важност за земјоделскиот сектор на таа држава.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одбил да ја осуди воената операција на Русија во Украина, и за разлика од ставот на неговата администрација, најавил дека таа земја во ОН ќе биде неутрална.

Болсонаро на прес-конференцијата рекол дека Бразил ќе остане неутрален во спорот, нагласувајќи дека “Русија и Украина се практично братски држави”.

Нема да бираме страна

„Нема да бираме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и ќе помогнеме кога тоа ќе биде возможни. Повеќето Украинци зборуваат руски јазик“, нагласил Болсонаро.

Според неговите зборови, тој е против било какви санкции кои би имале негативни последици по Бразил и укажал на руското ѓубриво кое е од клучна важност за земјоделскиот сектор на таа држава.

Болсонаро додал дека украинскиот народ својата надеж ја ставил во рацете на комичарот Володимир Зеленски.

Гласање во Советот за безбедност на ОН

Бразилскиот претседател неодамна ги игнорирал повиците на САД да не оди во посета на РУсија и предизвикал негодување од своите западни сојузници бидејќи рекол дека е солидарен со Москва.

Кон крајот на неделата, Бразил гласал за нацрт резолуција на СБ на ОН со која се осудува руската воена операција во Украина, и покрај негодувањето на Болсонаро. Русија ставила вето на оваа резолуција.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...