Борел: ЕУ инсистира што е можно поскоро да се формира ЗСО, но нема можност да го „натера“ Косово

Европската Унија инсистира на тоа дека Приштина мора што поскоро да формира Заедница на српски општини (ССО), во согласност со Бриселскиот договор од 2013 година, но нема можност да го „натера“ Косово на тоа, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел, одговарајќи на пратеничко прашање „што ќе направи по повод одбивањето на Косово да формира ЗСО“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Основањето на Асоцијација/Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) беше договорено од двете страни, Косово и Србија, во Бриселскиот договор од 2013 година. Договорот беше ратификуван од косовскиот Парламент и Косово треба да ја исполни својата законска обврска и да го спроведе без одлагање.

Двете страни треба да ги исполнат сите свои меѓународни правни обврски и да ги спроведат договорите што чекаат, како и да вложат дополнителни значајни напори за постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите, што е од клучно значење за нивниот европски пат, се наведува во писмената реакција на Борел.

Потпретседателот на Европската комисија и шеф на службата за надворешни работи на ЕУ додаде дека „задоволувањето на потребите на малцинската српска заедница во Косово е од големо значење за ЕУ во Косово“ и дека Брисел внимателно го следи развојот на ситуацијата во овие области. – ЕУ придава големо значење на владеењето на правото, заштитата на основните права и слободи, вклучувајќи ги правата и верските слободи на малцинските заедници и внимателно ги следи сите случувања во овие области на Косово, додаде Борел.

Унијата во повеќе наврати наведе дека немаат механизми да ги „присилат“ двете страни да ги почитуваат потпишаните договори, туку само да ги потсетуваат на ова, но и дека во согласност со исполнувањето на обврските, и Косово и Србија ќе напредуваат на нивниот пат кон ЕУ. Постигнувањето сеопфатен правно обврзувачки договор меѓу двете страни останува непроменет услов за влез во Европската унија.

 

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...