PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Борел на неформална средба со регионалните лидери од Западен Балкан

Sep 21, 2022

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, вчера беше домаќин на неформален ручек со лидерите од Западен Балкан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Овие неформални собири се одржуваат двапати годишно во Брисел и Њујорк и служат како неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и за европската иднина на регионот, соопшти ЕУ. Вчерашната дискусија била фокусирана на глобалното и регионалното влијание на илегалната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина.

Високиот претставник Борел и лидерите од Западен Балкан разговараа како заеднички да се решат штетните последици од оваа војна врз цените на храната и енергијата и врз стабилноста и безбедноста во Европа и на глобално ниво.

Борел ја истакна поддршката што ЕУ ја дава на Западен Балкан за зајакнување на енергетската безбедност и за справување со хибридните закани, вклучително и за кибер и странски манипулации со информации и мешање, се вели во соопштението.

ЕУ и Западен Балкан ќе продолжат да стојат заедно во соочувањето со предизвиците што неиспровоцираната војна на Русија против Украина ги наметнува на глобално ниво. ЕУ целосно го поврзува Западен Балкан со своите иницијативи за ублажување на влијанијата од војната.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ