Борел предлага да се запленат руските девизни резерви во корист на Украина


Фото: Европска комисија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека земјите на ЕУ треба да размислат за запленување на замрзнатите девизни резерви на Русија за да ги насочат средствата за обнова на Украина.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, шефот на европската дипломатија потсети дека Соединетите Американски Држави претходно ја презедоа контролата врз имотот во вредност од милијарди долари што ѝ припаѓаат на авганистанската централна банка, делумно за да ги обесштетат жртвите на тероризмот, како и за хуманитарна помош во земјата. Според него, би било можно да се разгледаат такви чекори со руските резерви.

– Би ја поддржал идејата бидејќи звучи логично – изјави Борел за весникот.

Тој нагласи дека прашањето за финансирање на обновата на Украина е клучно политичко прашање, со оглед на „неверојатната сума“ што треба да се обезбеди. Претставници на ЕУ веќе испитуваа дали руските резерви би можеле на кој било начин да се искористат за обнова на Украина, но досега Брисел не дал никакви предлози за ова прашање.

Претходно, гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, изјави дека како резултат на санкциите на Западот, околу 300 милијарди долари од девизните резерви на Русија се замрзнати.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...