Брегу: Застојот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е голема грешка


Францускиот претседател, Емануел Макрон и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, на завршната церемонија во Стразбур по повод завршувањето на Конференцијата за иднината на Европа, повикаа да се измени Договорот за ЕУ ​​за да се одговори на барањата на граѓаните како што е укинувањето на правото на вето на земјите-членки во надворешната политика, пренесува хрватски „Индекс“.

Некои од предлозите на Конференцијата за иднината на Европа, како што е укинувањето на ветото во надворешната и безбедносната политика, бараат измена на Договорот за ЕУ, поради што Европскиот парламент повика на конвенција на која ќе се расправа за овие прашања.

Францускиот претседател Макрон рече дека Европската унија мора да биде ефикасна и суверена за да одговори на глобалните предизвици, што е тешко да се постигне во сегашниот контекст.

„Соочени со ова, ние треба да ги реформираме договорите, тоа е јасно“, рече тој, додавајќи дека еден начин да се направи тоа е да се свика конвенција за промена на договорот.

„Ова е предлог на Европскиот парламент и јас го одобрувам“, рече францускиот претседател, додавајќи дека ова прашање ќе го постави на Европскиот совет во наредните недели и дека на конвенцијата треба да се расправа и за реформа на изборите за Европскиот парламент, давање законодавна иницијатива на Европскиот парламент итн.

„Тоа значи поедноставување на работите и повеќе користење на гласањето со квалификувано мнозинство за главните јавни политики“, објасни Макрон.

АФП наведува дека Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Холандија и Луксембург изразиле поддршка за промена на договорот.

Потребно е мнозинство за да се започне дебата по ова прашање во Советот, а сите земји-членки мора да дадат согласност за промена на Договорот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека се покажало оти Унијата може многу да направи со постоечките овластувања, па веднаш може да одговори на некои од препораките на Конференцијата за иднината на Европа.

„Меѓутоа, треба да одиме понатаму. На пример, јас секогаш тврдев дека едногласните одлуки во некои клучни области едноставно веќе немаат смисла ако сакаме да постигнеме побрз напредок и дека Европа треба да игра поголема улога во здравството или одбраната по искуствата во изминатите две години“, рече таа.

Фон дер Лаен додаде дека во септември ќе ги претстави првите предлози како одговор на препораките на Конференцијата за иднината на Европа.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...