Британскиот премиер: Биолошките мажи не треба да се натпреваруваат со жените

Милан и Интер потврдија дека им се „брза“ со изградбата на нов модерен стадион и дека ќе го изберат најбрзиот проект дури и тоа да значи селење надвор од градот Милано.

Двата славни италијански клубови го одобрија проектот за изградба на новиот стадион во квартот Сан Сиро на крајот на 2021, но новиот стадион не би бил подготвен пред 2027, бидејќи веќе е утврдено дека свеченото отварање на Зимската Олимпијада во 2026 ќе биде на стадионот „Џузепе Меаца“.

Градоначалникот на малото градче Сан Сесто Џовани во близината на Милано пред неколку недели потврди дека имал разговори со двата клуба, кои сега потврдуваат дека се подготвени за таков чекор.

„Очекував нешто многу побргу, посебно бидејќи сме во Милано. Новиот стадион е за сите, не само за фановите. Бирократијата во Италија не помага, а Интер и Милан имаат иста визија и неопходен е нов стадион. Овој проект е во сопственост на Интер и Милан, а не на општината Милано и затоа мораме да побараме алтернативи надвор од градот. Ни се брза“, потврди претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Директорот на Интер, Алесандро Антонело го дели истото мислење.

„Системот не помага, посебно во спортската инфраструктура. Потребна ни е сигурност за инвеститорите и долго време чекаме на одобрување на проектот. Да, потребна е јавна дебата за транспарентност, но други европски градови би изградиле стадион за три години. Мораме да имаме алтернатива бидејќи целта е да се има нов стадион што е можно побргу“, изјави Антонело.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...