Британското разузнавање: Поради силниот украински отпор, руските територијални напаѓачи се ограничени


Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, изјави дека властите на таа земја нема да се согласат со условите на Русија кога станува збор за плаќање на гас во рубли.

– Мора да дејствуваме заедно и брзо. Затоа што нема да се согласиме со тоа. Никој нема право еднострано да ги менува условите на договорот. Кога би го прифатиле тоа, тоа би било првата пукнатина во европското семејство, а Бугарија нема да биде причина за тоа – изјави Петков за француски „Монд“.

Според него, Бугарија има директни испораки за еден месец, доколку не се променат околностите.

Но, Софија смета на завршување на интерконекторот со Грција на крајот на јуни и на заедничката стратегија на ЕК за набавка на течен гас.

– Се надеваме на што поскора помош од Азербејџан, како и заедничко купување на течен гас, очекуваме солидарност од сите европски земји. Обединети сме, силни, а не поделени – рече Петков.

Да потсетиме, „Гаспром“ вчера ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи не ги подмирувале обврските по новиот принцип – во рубли.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...