Брнз: Соединети Американски Држави се со Северна Македонија во искачувањето по ридот кон Европа, сигурен пријател на кој му веруваме

Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД.

Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор, медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.

Амбасадорката во својот говор потсети дека пред три години, како што рече, првпат се искачила на овој рид до Амбасадата во Скопје и била инспирирана од глетката и потенцијалот што ја опкружува.

– Бев свесна дека ќе има предизвици. За некои од нив знаев и ги очекував, како потребата да се продолжи со борбата против корупцијата, да се зајакне владеењето на правото и да се зајакнат демократските институции. Некои беа нови, како смртоносната светска пандемија, разорните шумски пожари и сега бруталната и неоправдана војна што беснее во Европа. Но, без оглед на предизвиците што ни претстоеја јас бев убедена дека односите меѓу САД и Северна Македонија се доволно силни и динамични и дека заедно ќе можеме да се справиме со истите и ќе излеземе порешителни во нашето партнерсто, истакна амбасадорката.

Таа потенцира дека изминатите три години Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“.

– Армијата на Северна Македнија се модернизираше и ги подобри подготвеноста и капацитетите за одговор, а варварската агресија на Русија врз Украина, народот за кои тие тврдат дека им се браќа и род и со кој имале толку многу заеднички работи не можеше појасно да илустрира зошто денес НАТО е поважно од кога било, истакна Брнз.

Таа напомена дека Северна Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањетп на демократските принципи истите идеали, што како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина.

– Без разлика дали стои цврсто во поддршка на санкциите против Русија или им помага на лицата евакуирани од Авганистан или активно учествува на Самитот за демократија на претседателот Бајден, Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Северна Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз.

Таа во својот говор изнесе детали за различните сфери на соработка меѓу двете земји во различни области нагласувајќи дека како што се проширува лидерската улога на Северна Македонија во Западен Балкан така се зголемува и можноста за економски раст и нов развој.

Брнз истакна дека од 2019 година САД има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите, создавајќи илјадници работни места.

Нагласувајќи ја продлабочената билатерална соработка меѓу двете земји, Брнз истакна дека Вашингтон и Скопје имале повеќе можности за прослава на јубилеи и достигнувања во изминативе три години.

– Четврт век дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија. Триесет години партнерство со УСАИД и 25 години делување на Мировниот корпус во земјата. Долгогодишна соработка со Националната гарда на Вермонт. И секако, 30 години од вашата независност, истакна Брнз.

Амбасадорката порача дека демократијата претставува качување во угорнина.

– Нашите татковци – основачи го знаеле тоа пред 246 години, исто како што вие го знаете по 30 години. Мора да продолжиме да се стремиме кон подобрување на животите на нашите граѓани и иднината на нашите млади, да се справуваме со нееднаквостите во системот и да се залагаме за вредностите кои одамна ги браниме. Навистина може да претставува товар да се опстои на вистискиот пат со поглед вперен нагоре, наместо да се бара излез. И понекогаш тоа значи носење тешки одлуки во тешки моменти, порача Брнз во својот говор пред присутните на свеченоста во Американската амбасада.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...