Бруно го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Apr 1, 2022

[ad_1]

Португалецот Бруно Фернадеш го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Фудбалерот, кој во вторникот со два гола, го згасна сонот на Маледонија дека ќе игра на мундијалот во Катар, на „Олд Трафорд“ ќе остане до јуни 2026 година. Во договорот е вметната клаузула, според која клубот автоматски може да му го продолжи договорот на Бруно на уште една година.

Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед се пресели од Спортинг Лисабон, во јануари 2022 година. „црвените ѓаволи“ за неговиот трансфер издвоија 47.000.000 фунти. Претходниот договор му истекуваше во јуни 2025 година.

„Од моментот кога пристигнав во Јунајтед, остварив специјален однос со клубот и нашите навивачи. Пораснав гледајќи го овој тим, сонував еден ден да играм овде. Го остварив сонот“, рекол Португалецот.

Според новиот договор, Фернандеш, ќе има годишна плата од 12.500.000 фунти.

Бруно Фернандеш, досега одиграл 117 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнал 49 голови и забележал 39 асистенции.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ