Брус Спрингстин заработил 590 милиони долари во 2021 година


Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“.

Најголем дел од заработката е од продажба на своите песни и авторските права минатиот месец. Договорот на музичарот со „Сони мјузик“ беше проценет на 550 милиони долари и тоа воедно претставува најголема продажба што еден музичар некогаш ја остварил.

„Сони“ на тој начин стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги тука и класиците „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA“. Слични договори потпишаа и Боб Дилан, групата „Блонди“ и Дејвид Боуви.

Вториот најплатен музичар за 2021 година е Џеј Зи. Поголемиот дел од неговата заработка од 470 милиони долари е од продажба на сопственичкиот удел од 302 милиони долари во „Тидал“ на коосновачот на Твитер – Џек Дорси. На третото место се наоѓа Пол Сајмон, а потоа следуваат Кање Вест, Рајан Тедер, групата „Ред хот чили пеперс“, Линдзи Бакингем, „Мотли кру“, Блејк Шелтон и Тејлор Свифт.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...