„Бугарија ја водат луѓе без историска памет и знаење“


Тврдење на бугарски професор

Бугарија ја водат луѓе без историска памет и знаење, тврди за БГНЕС бугарскиот професор Пламен Павлов, во врска со говорот на пратеникот од Продолжуваме со промени, Венко Сабрутев, кој рече дека „Македонија треба да ги врати коските на цар Самуил како знак дека е подготвена да ја смени политиката кон Бугарија“.
Скандалот за кој пишува професорот Павлов е токму поради фактот дека смртните останки на Самуил ги открил професорот Николаос Мукопулос во 1969 година при ископувањата во базиликата „Свети Ахил“ на истоимениот остров во Преспанско Езеро, а во моментов тие се наоѓаат во лабораторијата на грчкиот професор во Солун.
– Партијата Продолжуваме со промени прави слични грешки. Пред извесно време, еден од нивните пратеници го помеша Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција со Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Гледаме и некои наивни постапки, како што е отворањето авиокомпанија или некои други дејства што не го решаваат големото прашање меѓу двете земји – изјави Павлов.
Тој ги опиша зборовите на Сабрутев како „понижувачки“.
– Понижувачко е да се слушаат вакви работи од пратениците. Згора на тоа, станува збор за елементарни работи што може да се проверат на Гугл. Немам лош однос кон членовите на оваа партија, но ваквите пројави на незнаење, на елементарен поим за историја се проблем – рече Павлов.
Тој го повика Сабрутев да се извини или барем да ја објасни својата грешка.
– Не треба да правиме ваква збрка меѓу нас, Македонија и Грција. Сите знаат каде се коските на царот Самуил и тие се прикажани на телевизија. Дури и претседателот Росен Плевнелиев им се поклони за време на 1.000-годишнината од смртта на царот Самуил – рече овој експерт за средновековна историја.

Подготвил: Марјан Велевски

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...