Бугарија бара можност за заеднички испораки на гас за целиот регион


Фото: Принт-скрин

Бугарскиот министер за енергетика, Александар Николов, на крајот на меѓународната средба на министрите за енергетика на земјите од Западен Балкан и Украина и Азербејџан соопшти дека работат на проширување на соработката во инфраструктурата во регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Николов објави дека е потпишан договор од бугарската компанија „Булгартрансгаз“ за изградба на бугарско-српската гасна врска.

– Во однос на трговијата со природен гас, „Булгаргаз“ и грчката компанија „ДЕПА“ ќе работат заедно за подобро развивање на постоечките капацитети на терминалот на островот Ревитуса, како и за барање можности за заедничко снабдување низ целиот регион – додаде Николов.

Меѓусистемските оператори со електрична енергија на Бугарија, Романија и Грција ќе ги потпишат соодветните документи со што ќе се овозможи зголемување на капацитетот за приклучување на нови зелени капацитети. А новите капацитети, според Николов, на електрична енергија ќе овозможат потенцијално намалување на зависноста од природниот гас во регионот и прецизираше дека повеќето решенија за кои се разговара се среднорочни до долгорочни.

На прашањето дали Софија ќе побара одложување од Европската комисија доколку Русија ја запре нафтата, Николов рече дека ставот на Бугарија за нафтата е јасен и секако дека ќе побара одложување. Се бараат внатрешни решенија за работата на „Лукоил“ во Бугарија и начинот на кој можат да најдат алтернативни решенија, за да нема ризици за рафинеријата во Бургас и производството да продолжи.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...