Бугарија изнајде итар начин како да се држи настрана од вооружувањето на Украина


Кирил Петков (лево) и Дмитро Кулеба/Фото: Твитер – Дмитро Кулеба

Бугарија остана настрана од процесот за снабдување на Украина со воена помош додека се зголемува притисокот врз европските држави да испорачаат тешко вооружување за украинската армија, наведува „Блумберг“. Наспроти тоа што Бугарија е земја-членка на НАТО и значителен произведувач на калашникови и амуниција, таа досега го ограничи придонесот кон одбраната на Украина, испорачувајќи шлемови и панцири.

Од друга страна, бугарскиот премиер Петков покрена кампања за собирање парична помош за украинската влада, со донирање на месечната плата, на што украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба му се заблагодари преку Твитер, откако претходно упати критики кон Бугарија по тридневната посета на Софија минатата недела.

– Благодарен сум му на бугарскиот премиер Кирил Петков поради покренување на јавна кампања за собирање средства за украина и за помошта за засилување на нашата опрема. Овој потег ја демонстрира бугарската солидарност со Украина. Ја почувствував при приемот од премиерот Петков во Софија минатата недела – напиша украинскиот министер на Твитер.

Кулеба претходно истакна оти не добил одговор од бугарските власти за пружање на воена помош, посочувајќи дека нема да се навраќа на тоа прашање додека не добие „јасна одлука“.

– Панцирите, техничката поддршка, сето тоа е многу важно, но ве молам, да бидеме сериозни, ако имате шлем и панцир, а не пушка во рацете, тогаш сте готови. Таквата полумерка е фина политички, но всушност, пораката гласи – сакаме да бидете заштитени кога ќе загинете – порача Кулеба.

Се смета дека врз одлуката на Бугарија во однос на помошта за Украина влијаат тензичните односи во владејачка коалиција предводена од украинскиот премиер Кирил Петков, како и врските на Софија со Москва.

Се очекува бугарскиот парламент наскоро да дискутира за понатамошно помагање на Украина. Бугарија ги осуди руските воени дејствија во Украина, гласаше за санкциите на ЕУ врз Русија и прими повеќе од 90 илјади украински бегалци.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...