Бугарија најавува регионален центар за употреба на гасот во Југоисточна Европа


Фото: Принт-скрин

На средбите во Брисел, бугарската делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов ја разјаснија состојбата по прекинот на испораката на гас од „Газпром“, јави дописникот на МИА од Софија.

Василев на брифингот за медиумите во Брисел рече дека Бугарија добила силна поддршка од Европската комисија да биде домаќин на регионален координативен центар кој ќе управува со заедничката употреба на гасната и електричната инфраструктура во Југоисточна Европа и регионот како целина.

Според Василев, властите во земјата имаат план за испораки на Бугарија, а тој се спроведува со ЛНГ гас кој доаѓа од терминалот во Ривитуса, од каде се добиваат дополнителни количества од Грција.

Бугарската делегација побара ова да биде одлука не само за неа, туку и за регионот. Сега, според Василев, Бугарија ќе ја координира инфраструктурата за трансфер на 20 милијарди кубни метри за регионот и Европа. Овој координативен центар ќе ги добие најдобрите предлози за заедничка набавка.

Василев рече дека Бугарија нема да отвори сметка во руски рубљи, како што инсистираше Москва, за гасот да може да го плати Русија.

Вицепремиерот Василев и министерот за енергетика Николов најавија дека Бугарија ќе го тужи „Газпром“ за еднострано раскинување на договорот за испорака на руски гас за Бугарија.

Василев тврди дека Бугарија нема да има проблем следната зима, бидејќи може да испорача не само три милијарди кубни метри гас, туку и уште 17-20 милијарди кубни метри гас за регионот на Југоисточна Европа, затоа што ќе биде домаќин на овој центар, кој ќе ги координира сите овие испораки во него.

Асен Василев и Александар Николов беа примени од потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...