Бугарија се жали на евтиното јагнешко месо од Македонија


Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јавува софиската телевизија БТВ, а пренесува МИА.

Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

– За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока-вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна.

Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...