Бугарија веќе го има првиот обучен пилот за Ф-16


Фото: Пиксабеј

Бугарија го има првиот пилот за американските авиони-ловци Ф-16 што ќе бидат испратени во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, капетанот Александар Велинов успешно ја заврши обуката во Националната военовоздухопловна гарда Морис во Аризона, САД. Таму се обучени уште четворица бугарски пилоти.

Велинов во интервју за БНР истакна дека ова е многу добра шанса неговите колеги да можат да летаат со сосема нов авион-ловец, за разлика од сегашните МиГ-29, кои се стари над 30 години.

– Се радувам што новата техника доаѓа во овој момент, кога јас ќе можам да управувам со новите авиони подолг период – изјави бугарскиот пилот на Ф-16.

Бугарија ќе ја добие првата серија од осум американски борбени авиони Ф-16 во 2025 година, што доцни една година поради ковид-19. Во моментов се водат преговори меѓу Бугарија и производителот на Ф-16 за набавка на втора серија од осум авиони, со кои Софија до 2030 година ќе има вкупно 16 нови авиони-ловци Ф-16, што ќе бидат цела ескадрила. Набавката на авионите и муницијата е во вредност од 1,67 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ утре одбележува 21 годишнина од своето постоење

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  утре на 5 јуни по повод 21-годишнината од своето постоење со свечен коктел во хотелот " Александар палас" во...

Славната пејачка се обрати кон хејтерите: „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?“

Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“...

Директорот на Nvidia: Секој може да програмира со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција значи дека секој сега може да биде компјутерски програмер бидејќи сè што треба да направи е да „разговара со компјутерот“, изјави денеска...

Зеленски: Најмалку 500 украински деца загинаа во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмалку 500 украински деца биле убиени во војната на Русија против неговата земја. Тој го изјави ова...

Османи во Будва: Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),...