Бугарската делегација не навреди, провоцираше и го злоупотреби нашето гостопримство, очекуваме одлучна реакција од нашето државно водство

Партијата на пензионерите, која учествува во власта и чии прв човек, генералот Илија Николовски е пратеник во Собранието, се јави со реакција во врска со посетата на бугарската делегација.

За Партија на пензионерите, самото присуство на највисока делегација на Р Бугарија предводена од Премиерот Петков и Потпретседателката  Јотова, при отворање на Клуб на Бугарски културен центар во Битола, именуван со името на Ванчо Михаилов, кој е неспорно докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна, никако не придонесува да се подобрат односите помеѓу двата народа. За ПП таквото нивно постапување е само уште една провокација кон македонските граѓани и навреда на жртвите на фашизмот и нивните потомци во Македонија и светот.

„ПП, поради фактот дека, додека Петков во Битола изјавува: „Ова (бугарското) прашање не е партиско туку национално и треба да дојде до обединување на сите Бугари“, Потпретседателката Јотова, надмено, дрско и навредливо негира дури и постоење на македонска нација, истовремено искажувајќи небулозни сомнежи за начинот на спроведување на пописот и бројот на граѓани на Македонија кои се изјасниле како бугари, таквото однесување го квалификва и смета за злоупотреба на пруженото гостопримство.

Со соседите, ако постојат искрени и нескриени намери, се постапува со меѓусебно уважување и почитување на взаемните, но и на поединечните интереси, без уцени и злоупотреба на „доминантната“ позиција, бидејќи само така може да се дојде до компромисно и прифатливо решение од двете страни“, се вели во соопштението од Партијата на пензионери.

Затоа Партијата на пензионери, „согледувајќи го претходното и сегашно фактичко однесување на бугарските раководства, очекува јасна и одлучна реакција од страна на државното водство на РС Македонија, како и „прилагодено“ постапување во иднина во врска со „спорните“ прашања помеѓу двете земји, без никакви отстапки од базичните македонските национални интереси“.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...